Со печено свинско месо, сарма и греано вино, штипјани се подготвени за дочекот на новата година

Со печено свинско месо, сарма и греано вино, штипјани се подготвуваат за дочекот на новата година. Велат дека не е важно кој кјолку има на трпезата, туку кој колку има во душата. На ваквата ситуација тие гледаат едноставно, па како што додаваат најважно е да се прегрнат и да си ја честита годината со многу љубов и топлина.

Друг дел велат дека дочекот на новата ќе им биде како и секоа вечер, па за истата велат дека немаат никакво расположение

Во согласност сос стиуацијата, најголем дел од граѓаните кои што остануваат во Штип, новата ќе ја дочекаат во домашни услови со пријатели и роднини, додека другите ќе излезат на т.н штипската едносмерна за да уживаат во подгтовената програма.

Лаура Стојанова, М-Нет