
Започна реконструкција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. Од почетокот на оваа недела, па во наредните неколку дена се работи на замена на подовите, а потоа ќе следи целосна реконструкција со што оваа установа ќе го добие вистинскиот лик кој го заслужува. Реконструкцијата ќе ги опфати и двата објекта во рамки на националната установа, односно и Домот на култура и Театарот.
„Од завчера започнавме со инвестицискиот дел од програмата за центарот за култура која е под програмата за годишни работи и се одобрени средства од Министерството за култура. Се поставуваат ламинантни подови во центарот за култура и театарот, во вкупна површина од 560 метри квадратни, а потоа продолжуваме и со молерисување на самиот објект“, истакна директорот Горан Трајков.
Освен замена на подот, ќе се изврши и санација на санитарните јазли, молерисување, набавка ПВЦ – подна подлога и винилни плочи и нивна монтажа. Санацијата на санитарните е во вредност од 1.240.000 денари, а за останатиот дел од реконструкцијата е во вредност од 869.000 денари.
„Поделени се во три сегмента. Едниот сегмент од проектот којшто го одобри Министерството за култура е молерисувањето, кое е во вкупна вредност од 125.000 денари. Вториот проект којшто е одобрен а реконструкцијата е замена на постоечките стари подови е во висина од 460.000 денари. И третиот проект којшто е во тек е реконструкцијата на санитарните јазли“, додаде Трајков.
Реконструкцијата финансиски е поддржана од Министерството за култура во рамки на годишната програма за проекти од национален интерес.
Ребека Спасова М-Нет