Со кршење на славскиот колач Кочани го одбележува Петровден – празникот на градот

„На сите вас кои живеете овде во Кочани и околните места да ви го честитам овој празник, да ви поскам многу здравје, благослов, успех во животот и Господ Бог секојпат да ве чува. Нека е за многу години празникот“

Со празнична богослужба во црквата Свети Великомаченик Георгиј, започна верското одбележување на Петровден патрон празникот на градот Кочани. Потоа во Паркот на револуцијата во присуство на голем број верници се кршеше славскиот колач, од каде се упатија молитви за здравје, среќа и бериќет.

„Со љубов победуваме и освојуваме. Да ја чуваме верата христова, учењето апостолско, да ги браниме вистините и национални и духовни, да го проповедаме словото Божјо и да сведочиме за Христа како и тие за нас и ние и да оставиме аманет на тие по нас. Бидејќи само Христос е вистина и победа на секое зло. Самиот Господ Бог на Апостолот Петар кој денеска го славиме му рече ти си Петар и на тој камен ќе изградам црква и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.“ – рече митрополитот брегалнички господин Иларион.

Во ЈУБ „Искра“ вчера беше оторена и изложбата под наслов „Свети Петар и Павле“, а во салата на Мултикултурниот центар се одржа Духовна Академија.

Лаура Стојанова М-Нет