
Штипските матуранти годинава блескаат со насмевки, песна и атмосфера што велат дека ќе ја паметат цел живот. Со споени маси, кренати чаши и омилените хитови што одекнуваат, тие ги живеат своите последни средношколски моменти. Некои слават со партнери покрај себе, некои со најдобрите другари, но сите заедно испраќаат една незаборавна генерација полна со емоции, смеа и планови за иднината. Матурантите велат дека ова не е обична забава, ова е дневна матурски момент што ќе остане како легенда во спомените на штипската матура.
„Супер, многу убаво. Мислам дека нашата генерација најубаво си поминува сега. Само малчу повише пиење ни треба, ама и тоа ќе биде. Колку испив? Три јегера, три корони и малку микс џин тоник. Што ќе се запишам? Сега моментално јас сум вонредно овде четврта година. Кога ќе завршам јас работам во англија. Ќе одам во Англија, планирам во Оксфорд факултет и да се надевам дека се екако што треба. Јас завршив ПТТ екектроника, ниска струја и да кажам мојот клас ТОП. Ќе ми недостасуваат, мојте деца, мојте другари и сите.“
„Јас ќе сум најдестасуваниот пријател, јас и Бојан сме најдобри оријатели уште од прва година, заедно го поминуваме целиот одмор во училиштето. Јас сум шофер на групата, јас не пијам, јас пијам само кока кола. Одлично, организацијата ни е со повеќе од 20 другари, четири маси споени. Јас, факултет за безбедност во Скопје. Не, ние сме партнери. Имаме секао, како немаме.
Што ќе си купиме? Парфем Валентино, но партнерката ќе ме слушне, затоа шш.
„Многу убаво, Емуцот е најдобро школо, ниту едно школо не може да биде како ЕМУЦОТ. Најмногу ќе ми недостасува професорката по Англиски. Планирам војна академија ама баш немам способности за тоа па ќе пробаме некако со врски. Што ќе ми е партнер?“
Матурантите велат дека за сега атмосферата е супер и предобра, велат дека нема што повеќе да се додаде. Се е преубаво и забавата е на максимум.
„Многу убаво, значи матурата, денската забава, целата организација диџејот, значи цела организација многу убаво. Па мора малку, за живели, за живели. Не верувам да одам на факултет. Па сега, криво ми е малку, криво ми е многу, но тиоа е како некој период од животот, веќе е завршено, мора да преминеме на следниот чекор, на следната фаза, да направиме нашиот живот после средното училиште да биде најдобар. Купено е веќе.
„Моментално е супер, атмосферата е предобра, немам други зборови, преубаво е.“
Матурантите напоменаа дека се презадоволни од дневната матурска забава и дека со нетрпение ја очекуваат матурската вечер
Дајана Сандева, М-Нет