
Со едноминутен молк и положување свежо цвеќе на спомен костурницата на Исарот започна чествувањето на 8 Ноември, денот на ослободувањето на Штип. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели, сппоменувајќи ги штипските херои и поклонувајќи се пред нив го започнаа одбележувањето на 79 роденден на Штип.
„Штипјани слободно, гласно и без страв себе си се нарекоа македонци, да имаат и да творат во својата сопствена држава и да го живеат сонот на илјадниците комити, војводи, партизани, илинденци.“ – вели Николова.
На 8 ноември 1944 година штипјани со борба ги уништија окупаторите, храбро се отргнаа од обрачите на теророт и конечно ја почувствуваа слободата. Денес ја чествуваме храброста на нашите сограѓани, ја величаме ниваната дејност, но уште поважно ги славиме 78 години во кои Штип и штипјани бетисуваат во мир и слобода минувајќи низ реформите кои ги носи времето“ – се истакна во денешниот пригоден говор. Осми ноември е симбол на остварувањето на вечниот стремеж за слобода, осми ноември како значаен датум од историјата сведочи за победата над бугарскиот окупатор ја потврдува способноста и борбеноста на штипјани за ослободување од германскиот поробувач.
Пред 79 години започна новата историја за Штип која во годините наназад донесе слобода и многу промени. Чест им се одадде на штипските великани Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Љупчо Арсов и генерал Мијало Апостолски.
Лаура Стојанова М-Нет