Со домашни чаеви, супи и прегорен шеќер, граѓаните во обид да се спасат од грипот

Пикот на грипот се очекува деновиве при крајот на јануари, граѓаните внимателни колку што можат. Со домашни чаеви, супи, прегорен шеќер, грејана ракија и вклучени клими, граѓаните се заштитуваат во своите домови. Иако лекарите апелираат на внимателност и навремено јаување кај матичен лекар, сепак традиционалните рецепти остануваат прв избот во повеќето семејства.

Анкетираните на терен од друга страна велат дека снегот од вчера е добредојден за да се намали бројот на пациенти заболени од грип. Како што велат, снегот ги уништува ваквите појави.

Инаку, стравот од компликации и редиците пред матичните лекари, се повеќе ги тера граѓаните сами да бараат начини да го зајакнат имунитетот, па затоа домашните лекови од секогаш се првиот избор за заштита од грип или настинки.

Иван Митев, М-Нет