
Со доделување награди, признанија и благодарници на вработените во КБ Штип, но и на пензионерите денеска се одбележа Светскиот ден на здравјето – 7 Април. 43 славенции беа наградени по разни основи, со што се покажа важноста на лекарите, медицинскиот кадар во болницата. Акцентот на денешната седница која се одржа по повод денот на здравјето беше раѓањето на здрави бебиња.
„КБ Штип традиционално секоја година има свеченост на овој дел и доделува награди и признанија на вработените кои имаат 10, 20, 30 и 40 години непрекинат стаж. Исто така се доделуваат и благодарници и свечено испраќање на пензионерите кои се пениознирани минатата година. До сега имаме 22 славеници пензионери, 17 славенци со 10 години, со 20 и 30 години немаме, а со 40 години се четири“ – вели Захариев.
Во зависност од непрекинатиот работен стаж се доделија и наградите. 22 пензионери од КБ Штип и четири лица кои работат по 40 години добија 200% од просечната плата.
“Наградите се различни, во однос на годините. За десет години е 50% од просечната плата, а за 40 години и за пензионерите е 200% од просечната плата“ – вели Патриклиева.
Директорот Захариев посочи дека промени се прават во болницата, како инфраструктурно така и во делот на вработувањето и апаратурата.
Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април и претставува глобален повик за унапредување на здравјето, подигање на свеста за приоритетните здравствени прашања и унапредување на квалитетот на животот на луѓето ширум светот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет