
Голем прославен ден на жителите од Аргулица, кои од рано зори започнаа со подготовките за големиот празник Илинден. Со започнување на вечерната богослужба и проследување на културно музичката прогрaма, посетителите вечерва ќе го започнат славењето на Илинден. Толпа луѓе доваѓаат на овој голем празничен ден и ја проследуваат манифестацијата на која годинава ќе настапи Стојне Николова, но и влегуваат во светиот храм и се помолуваат за здравје, среќа и мир вели организаторот Билјана Димитрова.
„Денеска пред големиот празник св.Илија имаме вечерна богослужба, ќе има поп ќе ја држе богослужбата, утре сабајле ќе се одржи литургија. Очекуваме да дојдат многу гости имаме и културна уметничка програма ќе настапува и Стојне Николова.“ – изјави Димитрова
Секоја година подготовките започнуваат многу порано, помагаат и жителите од селото, но помош доаѓа и од граѓаните од Штип, најчесто помагаат во спремањето на вечерата и ручекот, додава Димитрова. Децидна дека голем број на посетители има во текот на вечерните чааови, бидејќи времето не е многу толо, но често доаѓаат и во утринските часови во текот на наредниот ден.
„Секоја година се припремаме исто, колиме курбан теле, јагниња, правеме вечера, денес е мрсна вечерата, а утре е посно затоа што е петок, ќе правиме гравче. Припремаме се, доаѓаат луѓе и помагаат од селото, од Штип доаѓаат на помош. Да навечер има многу повеќе затоа што е поввежо и преку ден има ама многу порано, наутро, после два празникот минува и се растура службата. Очекуваме дека денес ќе имаме голем број на посетители.“ – додава Димитрова
Инаку минатата година црквата е осветена на 13 август, па затоа годинава ќе слави втор празник на истиот ден. Ги повикуваат граѓаните и на тој ден да повелат да ја посетат црквата и да се помолат со желби за добро здравје среќа и мир. Инаку црквата е отворена секој ден за верниците кои имаат желба да ја посетат во село Аргулица.
Лаура Стојанова, М-Нет