
Со интонирање на македонската химна и химната на Ромите, како и поставување на Ромското знаме на општиснката зграда денеска започнаа активностите за одбележување на денот на Ромите 8 април. Настанатите продолжија во кабинетот на градоначаланикот иван Јорданов каде се доделија признанија за најдобрите ученици Роми, како и благодарници за сите оние кои придонеле за развој на ромската заедница во општината.
“Ја користам оваа прилика да го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Општина Штип и оваа година ќе додели ваучери на најуспешните ученици и студенти од ромската заедница. Денес преку овој чин испраќаме порака на заедништво, на соживот да заеднички живееме, соработуваме и го градиме и развиваме нашиот град и да поскаме што е можно поголем број на Роми да бидат вклучени во нашето општествено живеење“ – порача денеска Јорданов.
Низа настани се закажани и за утре. Програмата започнува во 10 часот, со организиран трунир во мал фудбал, продолжува со културен дел во Домот на кулутра е предвиден е и марш по повод Денот на Ромите.

„Утре со почеток од 10 до 12 часот ќе организираме турнир во мал фудбал каде ќе имаме ученици од сите основни училишта, ќе се додели пехар на најупсешните. Потоа имаме програма во Домот на култура, каде ќе имаме рецитал. Во 12:30 часот ќе имаме програма во ОУ Гоце Делчев Штип, а ќе се организира и марш“ – додава Адемов.
Утре ќе се изложат и ромски носии, а предвиден е и хепанинг со оркестри.
Лаура Стојанова М-Нет