
Мед, полен, матичен млеч, прополис и сод, денес се нудеше на саемот во Штип. После шест години, продолжувањето на ваквата традиција за пчеларите е од голема важност и како што велат за М-Нет тие нема да одстапат од оваа гранка. Додаваат дека тие нудат чист и 100 проценти природен мед, се со цел истиот биде корисен за потрошувачите.
„Јас располагам со некаде над 300 пчелни семејства, имам нешто дел во Митрашинци, Берово, околу стотина. Jас и препорачувам на младите да почнат да се занимаваат со овој бизнис, јас работам шест,седум години и гледам дека е профитабилно, макар што овие две години се сушни.”, велат пчеларите
Покрај од истокот, пчелари на денешниот саем имаше и од другите градови, па истиот и за нив претставува можност за да ги истакнат своите квалитетни продукти.
Инаку, саемот за последен пат беше организиран во 2018 тата, па по шест години пауза, сега е повторно возобновен. Покрај, денес, истиот ќе одржи и утре, како и во сабота во временскиот период од 10 до 17 часот на плоштадот Слобода во Штип.
Лаура Стојанова, М-Нет