Соработка меѓу средните стручни училишта и бизинс секторот во Штип, има ли бенифит за учениците

Каква е соработката меѓу средните стручни училишта и бизинс секторот? Денеска во просториите на Општина Штип се одржа средба на која се пренесуваат потребите од бизнис секторот и начинот на кој едно училиште треба да одговори на ваквите потреби. Целта е да се воспостви поголема соработка преку што средношколците би можеле да следат пракса додека се на училиште и потоа да се вработат.

„На овие средби покануваме преставници од повеќе институции кои ги кажуваат своите наоди за тоа каква е побарувачката на пазарот, односно какви се потребите и на кој начин треба училиштето да одговори на тие потреби“ – вели Санева.

Во 2022 година средното медицинско училиште беше прво во Штип кое воведе паралелка со зголемен број на фонд на часови за практично образование и оваа генерација оваа година завршува по концептот на дуално образование. Денеска ова училиште има 16 паралелки кои се вклучени во дуалното образование.

„Како здравствена струка наш најголе работодавач се КБ Штип и Здравствениот дом, но ние воведоовме и струка тенхичар за козметичка нега и убавина, нешто што произлезе од реалните потреби од пазарот кај нас. И оваа година продолжуваме со истиот профи, го зголемивме бројот на работодавачи и очекува поголема соработка.

Се подобра е ситуацијата и во регионалниот центар „Коле Нехтенин“ во Штип. Расте соработката со фирми од тирз зоната, со помош на кои средношколците се стекнуваат со потребна пракса за веднаш по завршување на образованието да можат да се вработат.

„Во однос на соработката со ТИРЗ зоната можам да кажам дека се подобро и подобро се остварува таа соработка. Веќе голем дел од нашите ученици извршија практична обука во летниот период сега го реализираат предметот учење преку работа кај работодавач, а една од команиите влезе и во управниот одбор на сега веќе регионалниот центар.“ – вели Шалева.

Отворањето на нови смерови во училиштата зависи од самата соработка со бизнис секторот, и за тоа најпотребно е фирмите да ги отворат своите врати за средношколците.

„Побарувачката во однос на бизинс секторот е техничар за моделирање на облека, техничар за дизајн на облека, конфекционер и техничар за изработка на облека.“ – вели Варадиновска.

На настанот денеска присуствуваа директорите на средните стручни училишта во Штип, преставник од УГД, преставници од Агенцијата за вработување, стопанска комора, Биро за развој на образование.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет