Сообраќајна незгода во Штип, повредени две лица

Сообраќајна незгода утринава се случи во Штип на улиците Борис Кидрич и Вардарска. Имено, до несреќата дошоло кога се судриле две патнички мортрони возила. Од СВР Штип истакнаа дека кај нив пријавата пристигнала во 7:44 часот утринава. На ова место дошло до судир меѓу патничко моторно возил „пежо 206“ управувано од 57 годишен возачи и патничко моторно возило „пежо 306“ управувано од 31 годишен возач. При ударот возачот и совозачот од возилото пежо 306 се здобиле со телесни повреди и биле префрлени во Клиничка болница Штип. Од таму ја потврдија информацијата. На двете лица им се направени испитувања и прегледани се на хирургија. Истите се со телесни повреди истанка портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Штип.

Лаура Стојанова М-Нет