Сообраќајна незгода во Штип, едно лице со тешки телесни повреди

На 04.12.2020 во 20.10 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Брегалничка“ се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, управувано од Д.И.(35) од Штип и патничко возило „ауди а3“, управувано од Ѓ.Н.(51) од Штип, и двете  со штипски регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Н., а со телесни повреди се здобиле Д.И. и уште еден сопатник од возилото „ауди“, А.Б.(37) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.