Сметката за струја на Трајче од с. Ерџелија за еден месец пораснала од 3000 на 60 илјади денари

Сметка за електрична енергија на Марковски Трајче од село Ерџелија за еден месец пораснала од три илјади на 60 илјади денари. Нема промени во начинот на греење на домот, потрошувачката на струја и слично, но разликата во сметките за струја од претходните два месеци е огромна вели тој, и невозможно е да се плати. Трајче живее заедно со неговата сопруга и нивните осум деца, па како што потенцира невозможно е да се одвојат илјада евра за еден месец за струја, дополнително тие пари тој ги нема. Се сомнева на грешка направена од страна на ЕВН, додавајќи дека нема од каде да најде пари за да ја подмири сметката за електрична енергија.

„Ние до сега плаќавме до три илјади денари максимум, и си плаќаме редовно, ова сега е грешка на ЕВН дали оти не ги читаат редовно, а и таа струја не сме ја потрошиле ние.“ – вели Марковски.

Марковски бара ЕВН да излезат на терен и да ја проверат повторно состојбата со потрошена електрична енергија, бидејќи разликата во сметките за струја е огромна.

М Нет телевизија одговор побара и од ЕВН, но до моментот на објавување на прилогот повратен одговор не добивме.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет