
Сточарите најавуваат протести во државата, доколку не се исплатат нивните субвенции. Претседателот на сојузот на одгледувачи на овци, Насер Џемаили, вели дека состојбата е се потешка, бидејќи сточарството останало без поддршка, додека други гранки добиле субвенции.Неисплатени субвенции вели имаат уште од 2023, а за 2024 година многумина од нив ги изгубиле правата поради критериумот за заклано јагне. 2025 година исто така не е целосно исплатена, па Џемаили апелира барем за 25 година да се исплатат субвенциите на време, бидејќи како што потенцираше сточарството пропаѓа од ден на ден.
,,Субвенциите доцнат од 2023 година, имаме некој мерки што немаме земено. Точно денеска бевме во министерство за земјоделие да видиме кога ќе биде исплатата и закажавме состанок со министерот во петок за да разговараме за истата тема. Понатаму ако нема да бидеме исплатени во некој рок што ни даваат од министерството, ако ни доцнат субвенциите ќе изелземе на протести и мора да бидеме исплатени, само сточарството не е исплатено, значи сите други гранки имаат, само сточарството нема, не знам што е работата, а секој ден сточарството оде надолу за жал , сега имаме многу ризици и од болести, слушнавме вбо кумановскиот регион има некој стада што треба да се уништат.“, вели Џемаили
Џемаили вели дека во моментот има болест, што носи дополнително ризици, вели дека веќе има стада кои треба да се уништат, а министерстовто како што рече треба да биде спремно да ги обештети целосно.
,,Министерството мислам дека треба да биде спремно да ги обештети нив. Слушнавме од наш сточат во кумановско дека цената ќе биде ниска, мора да се направи план за да ги ценат повеќе, затоа што не е таа цена на откупот на овците како годините претходно. Субвенции нема за 2023, 2024 нема за тие што го изгубија правото, половина сточари се тоа што го изгубија правото за заколено јагне во кланица што беше критериумот. 2025 иде и таа не е целосно исплатена. Ние апелираме барем 2025 да ни се исплаќа на време и оваа година е таа каде треба да се фатат сточарите и да ја омекнат работата.“, додава Џемаили
Како што посочи претседателот на овој сојуз Насер Џемаили, субвенции за 2023 добиле многу малку сточари, а дури 800 го изгубиле правото. Инаку правото го изгубиле поради условот за заколено јагне во кланица. И понатаму Џемаили истакна, дека сточарите стојат цврсто на својот став, доколку нема исплата на субвенциите, ќе има протести.
Иван Митев, М-Нет