
Третолигашот Слога Виница го потврди засилувањето на голманската позиција со промоцијата на 22-годишниот Антонио Столевски, кој доаѓа од прилепскиот второлигаш Победа. Столевски има настапувано за Брегалница, Велешта и Караорман, и се очекува да биде значајно засилување за тимот, кој го води тренерот Емил Грнев од Штип.
Во зимскиот период, Слога Виница го засили и составот со нови играчи, вклучувајќи ги Иван Настевски, Тони Мирчевски, Дарко Стојанов, Љупче Христовски и Филип Николовски. Тимот има одлични амбиции за пролетниот дел и со леснотија ќе го потврди првото место во Третата лига – Исток, по што фокусот ќе биде на баражот за влез во Втората лига – главната цел на клубот.
Александар Ванев, М-Нет