
Вечерва во Кочани беше извлечена ждрепката за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, во која наместо 12 како што беше првично најавено, учество ќе земаат десет екипи, откако од учество за новата сезона се откажаа екипите на Рудар од Пробиштип и Граничар Спорт од с. Ново Коњарево, струмичко.
Брегалница од Делчево, Дојранско Езеро, Карбинци, Малеш, Овче Поле, Слога од Виница, Светлост од Зрновци, Тиверија, Ударник и Хоризонт Турново, ексклизивно објавува телевизија М Нет.
Ждрепката посака во првото коло да се соочат Дојранско Езеро со Хоризонт Турново, Карбинци со Ударник, Овче Поле против новајлијата Светлост Зрновци, Малеш дома отвара против Слога Виница, а пак Тиверија дома ја чека Брегалница.
Новата сезона ќе започнува на 15. септември.
Во новата сезона ќе се одиграа вкупно 18 кола, Слога Виница е прв и главен фаворит за враќање во Втората лига, а нови екипи се Брегалница од Делчево која се враќа по една сезона пауза, Хоризонт Турново се враќа во сениорскиот фудбал, а Светлост Зрновци како шампион на ОФЛ Кочани обезбеди место за новата сезона во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, М-Нет