Слога Виница не мирува, ново големо засилување: Промовиран Тони Мирчевски!

Третолигашот Слога Виница денес промовираше ново големо засилување за пролетната полусезона. Тони Мирчевски е второ зимско засилување во тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев.

Тоа што го најавувавме изминатиот период сега се потврдува, по промоцијата на Иван Настевски како прво големо зимско засилување, сега доаѓа и Мирчевски, двајцата во пакет од второтолигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

Мирчевски во својата кариера има настапувано покрај за Детонит Плачковица и за Воска Спорт, Брегалница, Борец, Плачковица, Брегалница од Делчево, Скопје, Вардар и Цементарница 55.

Во следните денови се очекуват нови големо засилувања во овој тим кој е главен фаворит во Трета лига – Исток, а ќе биде голем фаворит и во баражот.

Александар Ванев, М-Нет