
Третолигашот Слога од Виница игра допадлив фудбал каде на секој меч доминира со убедливи победи. Има четири од четири за максимални 12 бодови со кој Слога Виница е лидер на табелата со гол разлика од 17 постигнати погодоци со што има најефикасен напад и примени два погодоци со што ја има најдобраната одбрана.
Слога Виница е главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига и засега момците на штипскиот стратег Емил Грнев одат според планот на патот кон враќање во Втората лига.
Најблиску од лидерот од Виница е Овле Поле од Свети Николе кој има два бода негатива односно десет и се наоѓа на второто место на табелата со скор од три победи и едно реми.
На третото место е поранешниот прволигаш Хоризонт Турново кој на своето конто има седум бодови. На делба на четвртото место се екипи на Тиверија и Брегалница од Делчево кои имаат по шест бодови, а пак Дојранско Езеро и Карбинци го делат шесттото место со пет бодови.
Ударник е на осмото место со три бодови на своето конто, а на дното се Светлост како претпоследен со еден бод и Малеш од Берово кој е последен исто така со еден освоен бод.
Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од петтото коло.
Александар Ванев, М-Нет