Следниот викенд започнува новата сезона во Втората лига – тешка борба за опстанок, неизвесна битка за влез во Првата лига

Пред второлигашите останува уште една недела за подготовки, проверка на форма и корекција на се што не е во согласност планост, бидејќи следната сабота на 23 август започнува новата сезона.

Поради крањето на лигата од 16 на 14 екипи од лигата испаѓаат директно последните пет екипи, односно од 16-то до 12-то место, а пак три екипи ќе играат бараж за опстанок, тоа се екипите од 11-тото до 9-тото место, што во превод значи дека доколку екипите сакаат директен опстанок ќе мора да бидат во првите осум, а токму тоа ќе понуди неизвесна битка и борба на фудбалски терените низ Македонија.

Брегалница, Охрид и Беласица се екипите кои имаат отворени амбиции и ќе го напаѓаат првото место кое директно води кон Првата лига, додека пак од сенка ќе напаѓаат и неколку други екипи како Слога Виница, Детонит Плачковица, Кожуф и Скопје, но Шкендија Арачиново сигурно е дека ќе атакува на висок пласман и ќе се вмеша за првите три позиции.

Останатите екипи ќе влезат во трката за директен опстанок односно да се избегат позициите кои водат кон директно испаѓање, па и бараж за некои од нив ќе биде опција, каде ќе бараат втора шанса за опстанок во Втората лига и за сезона 2026/2027.

Во рамки на првото коло Брегалница во Штип ќе го пречека Кожуф, Скопје ќе игра против Слога Виница, Големо Коњари ќе го пречека Детонит Плачковица.

Во Македонска Каменица ќе се соочат Каменица Саса против Осогово, Новаци и Победа во меѓусебно соочување во рамки на воведното коло, дербито на колото го играат Охрид и Беласица, Преспа против Шкендија Арачиново, а пак Вардар Неготино ќе игра против Тетекс.

Александар Ванев, М-Нет