
Пријатни вести пристигнуваат од Ниш каде што се одржува Меѓународниот турнир „Балкан бест 2021“ а помеѓу останатите настапуваат и кик – боксерите на „Гладијатор“ од Штип. Тренерот на штипските борци, Шенол Асанов е задоволен од досегашниот учинок со напомена дека денес во финалето во своите дисциплини и категории за златен медал ќе се борат Славче Арсов и Марјан Попадинов. Јован Данилов освои сребрен медал, Никола Нацев освои бронзен медал а Ива Петрова денес ќе се бори во полуифинале.

Шенол Асанов е задоволен и од јуначката борба на Иле Велков кој иако загуби ги искажа сите свои квалитети и ова ќе биде неопходно искуство за понатамошниот тек на неговата кариера.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk