Скршен славскиот колач, Кочани го слави Петровден, својот патрон празник

Кочани го слави својот патрон празник. По вчерашната празнична литургија,  беше организирана литија во Паркот на револуцијата, каде пред фонтаната и мозаикот со ликовите на светите апостоли Петар и Павле беше осветен и пресечен славскиот колач. Голем број граѓани, верници зедоа парче од колачот за мир, здравје и среќа. Митрополитот брегалнички, господин господин Иларион им го честита празникот на сите кочанчани, но и останатите чии заштитници се светите апостоли Петар и Павле.

„Денеска се радуваме што ги славиме, се радуваме што ете по божја промисла се закрилници чувари на градот Кочани. Го чувале народот и градот, а еве и денеска не чуваат и не благословуваат. Им благодариме за нивната љубов и почит. Нека е за многу години празникот“ – кажа Иларион.

Во Кочани вчеравчер се одржа и концерт на духовна музика во дворот на црквата „Свети Великомаченик Георгиј“ со настап на Сузана Спасовска. На споменикот на слободната се реалзираше опера.

Лаура Стојанова М-Нет