
Се прават последните подоготовки пред утрешниот голем христијански празник Велигден. Се пазарува за велигденската трпеза, повозрасните анкетирани граѓани на терен во Штип велат на велигденскиот ручек чекаат гости и пријатели. Сите заеднички се радуваат за христовото воскресени, бидејќи Велигден е радосен празник. Помладите одат на ручек кај поворасните, и на тој начин се слави празникот.
„Како што вели типикот црковен молитви, пост, за во недела една скромна трпеза, друштво, пријатели и разговор за Бога. Каде сме поканети, ако можеме одиме на гости, викаме и ние исто гости. Тоа се денови за да се видиме.“ – велат граѓаните.
Трпезата за Велигден ќе биде скромна, согласни се анкетираните граѓани, секој според своите примања. Јајца, салата, по малку месо, но најважно од сѐ е да биде весело и радосно, а не е важно што ќе се најде на празничната велиигденска трпеза.
„Затоа велам скромна, секој спрема своите примањата, можностите. Но, на некој начин се одбележува, еве и кај посиромашните. Но, и не е важно колку ќе има, важно е денот да биде радосен“ – додаваат граѓаните.
За Велигден јајцата беа по нормални цени, но цената на јагнешкото месо беше висока за граѓаните, па кај многумина тоа не се најде на велигденската трпеза.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет