Сите кревети во Инфективниот оддел во Штип обезбедени со кислород

Нови 60 тина кревети на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип ќе бидат на располагање за пациенти кои имаат потреба од болничко лекување, а се позитивни на ковид 19. Директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев истакна дека се вршат последните проверки на центарот на довод на кислород, со што се очекува да има довод на кислород на сите кревети кои се наоѓаат во зградата на Инфективниот оддел.

„Со оваа постапка која ја завршивме овде ќе добиеме некаде 60 кревети плус и ќе бидат поставени на централен довод, ние веќе се подготвуваме за полнење на оваа зграда, при крај се и градежните работи за реконструкцијата“ – истакна Георгијев.

На 01 април годинава се пушти централниот довод на кислород во модуларната болница, а пет месеци подоцна централен довод се поставува и на зградата на Инфективниот оддел.

Целиот проект на централен довод чини околу 2 ипол милиони денари, и како и претходниот проект средствата се сопствени. Со целосно пуштање на Инфективното одделение во функција на располагање во Штип ќе има 110 слободни места за ковид пациентите.

Лаура Стојанова М-Нет