
Силекс е есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига, откако есенскиот го заврши на врвот од табелата со 37 бодови на своето конто, со учинок од 11 победи, четири ремија и три пораз. Кратовскиот тим предводен од Александар Васоски има најмногу победи во Првата лига.
Со ист број на бодови на второто место заврши Шкендија, а толку има и Работнички кој е трет. Екипата на Гостивар заврши на 4. место со 35 бодови, а пак Струга е на 5. место со 32 бодови.
Неизвесна сезона сезона, пролетната борба за титулата и излезот во Европа ќе биде навистина неизвесен, одамна немало ваква борба за пет екипи кои се постојано израмнети.
На 6. место е тимот на Шкупи со 22 бодови, а по 19 бодови имаат Пелистер и Брера Струмица, Тиквеш излезе од опасната зона и полусезоната ја заврши на 9. место со 14 бодови.
Беса е во бараж зоната со 13 бодови, а толку има и Вардар кој е во опасната зона, а пак Воска Спорт заврши на дното со 12 бодови.
Дефинитивно ќе имаме неизвесна сезона кога е во прашање и опстанокот во Првата лига бидејќи четири екипи се загрозени се повеќе од јасно загрозени за опстанокот.
Пролетниот дел ќе стартува на 16. февруари со натпреварите од 19. коло.
Александар Ванев, М-Нет