Силекс ги продолжи договорите со Рајков и Анѓелески до 2025 година

Македонскиот прволигаш Силекс откако го претстави Хамза Рамани како прво пролетно засилување, денес ја продолжи соработката со Бојан Рајков и Дарко Анѓелески до 2025 година.

Силекс по една сезона во Втора лига – Запад, експресно се врати во фудбалската елита на Македонија и бележи одлични резултати, со кои во пролетниот дел ќе бара билет за Европа.

24-годишниот десен бек Рајков во Кратово пристигна во јуни минатата година од редовите на Пехчево, а во својата кариера штијанецот има настапивано и за Вардар од Форино и штипска Брегалница од каде и потекнува.

23-годишниот Анѓелески, играч за врска, во Кратово пристигна летово од Победа, а соработката сега е продолжена до 2025 година, до кога прилепчанецот ќе остане во Кравото. Претходно, во својата кариера Анѓелески има настапувано и за Пелистер од Битола, а потекнува од школите на Победа.