Се уредуваат тротоарски површини на ул. Лески, нови тротоарски површини ќе има од населбите Баби до Караорман

Се уредуваат тротоарски површини на ул. Лески, помеѓу населбите Сењак 3 и Баби во Штип. Станува збор за површина од над 1200 метри квадратни, со кој ќе се подобри животот на пешаците, особено на учениците. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, оваа активност треба да биде завршена во деновите пред нас, а за истата се издвоени повеќе од еден милион денари.

„Сакам да споделам со јавноста дека во моментов се започнати активности за уредување тротоарска површина помеѓу населбите Сењак 4 и населбата Баби, на улица „Лески“. Станува збор со површина на нешто повеќе од 1200 метри квадратни, третирање на тротоари, нивна реконструкција. Со износ повеќе од милион денари. Ова е доста фреквентен тротоар, фреквентна тротоарска површина, затоа што голем број на сограѓани наши, жители на , населбите Сењак 4 и населбата Баби го користат овој тротоар секојндевно заради амортизираноста и потребата од реконструкција, одлучивме овој потег да биде ставен во програмата за уредување на градежно земјиште. Деновиве очекуваме да биде завршена оваа активност на Општина Штип.“, вели Јорданов

Паралелно на оваа површина, деновиве ќе започне и изградбата на коплетно нов тротоар на нас. Баби и Караорман, во должина од 1,5 километри, практично поврзување на двете населби за пешаците.

Морам да потенцирам паралелно на оваа тротоарска површина, деновиве ќе се започне со поврзување со комплетно нов тротоар на населба Баби со населба Караорман, во должина нешто повеќе од 1,5 км, практично поврзување на двете населби за пешаците, нешто кое досега не беше овозможено, а е барање на жителите. Освен поврзување на тротоарска површина, овде се планира и поставување на електрика и целосно осветлување на потегот населба Баби, населба Караорман.“, додава Јорданов

Со ова темпо ќе се продолжи и во останатите населби, потврди Јорданов, посочувајќи дека во наредниот период ќе завршат овие активности.

Иван Митев, М-Нет