Прекрасното сончево време денеска се искористи во Кочани да се изврши увид на градежните активности кои се во финална фаза за реновирање и подобрување на условите за користење на училишните игралишта од страна на учениците кои во моментот немаат физичко присуство на настава но директорите на училиштата „Малина Поп Иванова“ и „Љупчо Сантов“ се надеваат дека оваа вонредна ситуација од корона вирусот ќе заврши час поскоро.
Каде што се реновира и е во завршна фаза целиот проект на училишниот двор, забавно рекреативниот центар. Имаме уште неколку ставки да се завршат тоа е осветлувањето, да се постават спортските реквизити поточно головите кошовите ;
Се реновира најстарото кошаркарско игралиште кое што е дополнето со 182 метри квадратни, поставени се осум фитнес справи кои што веќе се во функција;
Според првиот човек на Кочани кој се радува дека после неколку децении е успеано да се направат неколку реконструкции во изминатите три години откако е на челната позиција во оваа општина .
Во гимназијата целосно е реконструирано кошаркарското игралиште во Кочани изградено е игралиште кое е пренаменето за одбојка и направено е терен за фитнес што посебно е интересно и недостасува во градот.
Овие игралишта се лоцирани во училиштата, но тие можат слободно да ги користат сите заинтересирани граѓани, рекреативни а и професионални спортисти на одржување на својата кондиција, посветување внимание за нормален физички развој пред се кај децата кои во моментот немаат некоја голема активност поради учењето од дома преку интернет.