Се превртел трактор во Берово, повредено едно лице

На 31.08.2020 во 20.50 часот во Полициската станица Берово, доктор од итна медицинска помош во Берово пријавил дека на место викано „Тркали чалма“ во атар на с. Владимирово, при превртување со трактор, со тешки телесни повреди се здобил Н.П. (74) од с. Подареш, радовишко. Тој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.