
Расте бројот на мажи со карцином на простата во истокот, најмладиот пациент има само 36 години. Лекарите алармираат, болеста се почесто се појавува и кај помладата популација. Д-р Венцо Шопов од Клиничката болница во Штип вели дека раното откривање е клучно, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум може целосно да се излечи. По повод месецот на машкото здравје, во болницата се организираат бесплатни прегледи и скрининг на пациенти. Апелот на докторите е јасен, редовните контроли спасуваат животи.
,,Бројот на пациенти е постојано во пораст како дијагноза арцином на простата, а ние во последно време, бидејќи месец ноември е месец на машкото здравје, правиме скринизи. Ги правиме преку целата година, но овој месец ќе имаат бесплатни прегледеи за да по рано се дијагностицира некои од промените кои доведуваат до рак на простата, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум, можеме скрос да го излечеме со оперативно лекување. Еден од карциномите каде што медицината има влијание голема. Најмладиот пациент го имаме оперирано 36 години, пред шест години. Го пронајдовме случајно преку исптиување на туморски маркери за простата и кај момчето се покажа. Потоа направивме биопсија и испадна дека е карцином и го опериравме. Целата простата се изваде.“, рече д-р Шопов
Новиот начин на живот, стресот, нервозата, пообилната масна исхрана, пушењето цигари, конзумирање алкохол се само дел од причините поради кои болеста на простата се јавува и кај помладата популација, вели Шопов
,,Самите стресни ситуации, начин на живот, пообилна масна исхрана, простата на тоа реагира и дава симптоми и во пораната возраст. Возраста во која се јавува е после 50 тата, а во поново време веќе и помлади. Алхолот, пушењето цигари, намалената физичка активност. Aпелот е да имаат секојдневна физичка активност, дали тоа пешачење, тренинг.”, додава Шопов
Лекарите од КБ Штип и понатаму апелираат мажите да водат грижа за своето здравје. Да имаат физичка активност, да конзумираат здрава храна и да избегнуваат колку што може стрес и нервоза со цел да се намали бројот на пациенти со вакви проблематики, кој можат да чинат многу. И понатаму се апелира мажите над 50 годишна возраст да доагаат на редовни контроли.
Иван Митев, М-Нет