Се одложува манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“, која требаше да се одржи утре во Штип

Поради големата трагедија која се случи ноќеска со пожарот во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија најмалку 51 лице, утрешната спортска манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ се одложува.

Овој настан требаше да се одржи утре во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, но истиот се одложува и нема да се одржи во текот на утрешниот ден.

Дополнително, ќе информираме кога ќе се одржи овој спортски настан.

Александар Ванев, М-Нет