Се зголемува интересот за приватно здравствено осигурување оти растат цените на здравстветните услуги

Расте побарувачката за приватно здравствено осигурување, потврдуваат за М-Нет телевизија од осигурителните компании. Иако велат ова не е задолжително, сепак се почесто граѓаните одлучуваат да приватно здравствено да се осигураат. Тоа значи дека ќе може да се лекуваат во сите приватни ординации во државата, а доколку се избере поскап пакет тогаш и во клиниките во Европа. Може да се осигура секој од 1 до 49 години, со тоа што осигурувањето може да трае и до 60 годишна возраст.

„Од незадолжителните осигурувања голема е побарувачката за приватно здравствено осигурување. Луѓето се интересираат бидејќи цените на здравствените услуги секојдневно се зголемуваат. И со издвојување на одредена сума на годишно ниво во завсиност од пакетот кој се избира тие може да се лекуваат во сите приватни здравствени установи во републиката, а ако се избере поскап пакет и во Европа.“ – вели Николов.

Најчесто граѓаните го осигуруваат својот дом, местото на живеење. Доста баран пакет е бидејќи се опфатени повеќе ризици, како поплава, пожар, пукната водоводна цевка и слично.

„Има дом и комплет продукт кој многу добро се продава бидејќи со една полиса се опфатени многу повеќе ризици, не само осигурувањето од пожари и други опасности (удар на гром, луња и слично), ризик од кражба е опфатен, кршење на стакло и слично.“ – вели Николов.

Еден од најбараните е бизинс продуктот наменет за мали и средни претпријатија. На таков начин граѓаните се заштитуваат свебе си , деловниот објект па и самите вработени.

„Многу баран продукт е и бизнис комплетот, кој е наменет за трговските друштва за мали и средни претпријатија. Со една полиса се опфатени многу ризици“ – додава Николов.

Задолжително е осигурувањето на возилата при регистрација, вели Николов, но во последно време расте интересот и за останатите незадолжители осигурувања.

Лаура Стојанова М-Нет