
Се ближи Митровден, граѓаните со последни подготовки за празничната трпеза. Домовите и сокаците мирисаат на печени баници и кифли, се пече месо, се подготвува благо. Секој се труди трпезата да биде што побогата, како што налага обичајот за овој голем ден. Во некои домови ќе преовладуваат мрсните специјалитети, во други старите рецепти на бабите. Митровден и годинава ќе ги обедини семејствата околу полната маса и ќе внесе празнична топлина во секој дом.
Но, Свети Димитрија денес не се празнува како некогаш. Помал е бројот на гости, а се поретко се оди на слави и имендени. Економската ситуација мегу наголемите причини за ваквта ситуација.
Инаку, Свети Димитрија или уште познат како Митровден се празнува секогаш на 8 ноември, менува ден, но не и датум. Овој светец се слави насекаде низ светот и помага на луѓето од злите сили. Покрај во Штип, тој се празнува и во село Таринци.
Иван Митев, М-Нет