Семејно насилство и запален автомобил во Кочани

Беровчанец со иницијали В.Т.(41) пријавил во Полициска станица Кочани дека на улица„Стево Теодосиевски“ во Кочани настанал пожар во паркирано патничко возило „киа спортаж“, сопственост на неговата сопруга Т.Т.. Пожарот бил изгаснат од соседите, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Вчера 59 годишна жена во сопствениот дом во Кочани била физички нападната од нејзиниот син Д.Л.(36). Полицијата го лишила од слобода напаѓачот, а по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава – информираат од СВР Штип.