Село Таринци добива нов изглед, Паунов вели дека ова не е се и дека ќе продолжат со остварувањето на проектите

Денеска започна со реконструкција нова улица во село Таринци. Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов тврди дека во следните неколку денови се очекува со започнување на реконструкција на уште една улица, ова би било проект од вкупно 500 метри, па преку овие две улици на населението би му се овозможило дополнителен пристап до токму овие делови. Паунов тврди дека во урбанизација не се само улиците, се работи и на реконструкција на училишната спортска сала.

„Денес започнуваме со реконструкција на уште една улица во рамките на нашата програма и активности. Една улица во село Таринци со должина од 250 метри се , во следните денови очекуваме започнува со реконструкција денес, во следните неколку денови вклучуваме во овој пакет улици вкличуваме со уште една улица со иста должина. Овие две улици со вкупно 500 метри должина се во рамките на активностите подржани преку министреството за транспорт и врски. Со овие две улици или два помали крака на самите главни улици, имаме дополнителна можност за доурбанизација и пристап на населението токму на овој дел. Ние како општина Карбинци продолжуваме со проектите онаму каде што и не сме практично застанале, продолжуваме да работиме. Ќе напоменам дека во тек е и една реконструкција на училишната спортска сала во село Карбинци, која неодамна започна и очекуваме во следниот период да биде целосно завршена. Така да продолжуваат проектите и во другите насоки.“, кажа Паунов

Село Таринци добива нов изглед, Паунов вели дека ова не е се и дека ќе продолжат со остварувањето на проектите.

Иван Митев, М-Нет