
Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот со повикани ракометарки за бараж двомечот со Полска.
На списокот се повикани 20 ракометарки меѓу нив голманките Јована Мицевска, Матеа Чурлинова и Драгана Петковска. Повикани се и Јована Саздовска, Сара Ристовска, Ивана Гакидова, Ивана Џантевска, Пена Граматова, Ивана Арсениевска, Симона Маџовска, Моника Јанеска Килдан.
Грчевски ги повика и Катерина Дамјаноска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Марија Јанкуловска и Леонида Гичевска.
Собирот е закажа за недела 6. април со почеток од 12 часот во спортската сала „Мајка Тереза“ во Скопје.
Првиот натпревар од баражот за Светското првенство 2025 ќе се игра во Полска на 9. април (среда) во 20:30 часот, а пак реваншот е закажан за 12. април (сабота) во Битола.
Александар Ванев, М-Нет