
Седум години и шест месеци казна затвор доби зетот од село Таринци кој во август годинава ги нападнал родителите на неговата сопруга. Во Основен Суд Штип е објавена пресудата за обвинетиот С.К. за кривично дело убиство во обид од челн 123 став 1 од Кривичниот Законоик. Казната е изречена за двајца оштетени, однонсо за обид за убиство на неговата баба, мајка на неговата сопруга, и нејзиниот брат. Исто така му е продолжена мерката притвор до отпочнување на издржување на казната затвор.
Сега осудениот на 3 август годинава во дворот во семејната куќа во населба Баби во Штип, ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Имено, ден по враќањето од Германија, сега осудениот заедно со неговата сопруга и нивните малолетни деца биле на семеен собир кај родителите на сопругата, каде прво започнале вербална расправија, а потоа се случувала вистинска драма. Како што посочија оштетените, физичката пресметка била со дрвени бркалки, секири, па дури и со метална цевка, за на крај да завршат во болница.
Сега исудениот во своето прво обраќање пред Судот истакна дека не се чувствува за виновен бидејќи не ги сторил делата кои му се товарат од страна на обвинителството.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет