Седум возачи уапсени, меѓу нив и тројца малолетници – возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.С.(28) и 17-годишник, двајцата од Скопје, А.А.(20) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, Џ.В.(24) од Битола, Б.М.(24) од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско. Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Текстот Седум возачи уапсени, меѓу нив и тројца малолетници – возеле без положен возачки испит е превземен од МАКФАКС.