
Утре со иста рута и во ист временски период ќе започне седмиот „Марш за Ангелите“ во Кочани. Семејствата на настарадните од пожарот во дискотеката Пулс ќе маршираат по кочанските улици барајќи правда за нивните починати ангели.
Маршот ќе започне во 16: 05 часот како симболика за задоцнета реакција, а ќе се движи преку трговскиот центар до општинската зграда, полицијата и ќе заврши пред Судот и Јавното обвинителство во Кочани.
Основната цел на маршот е правдата за нивните деца. Истакнуваат дека ќе се борат до крај и нема да застанат ниту за момент. Она што дополнително посочуваат организаторите е дека на маршот може да се приклучат сите граѓаните на Македонија, кои сакаат да изразат поддршка на родителите на починатите и почит кон покојните.
Ова е седми „Марш за ангелите“ кој се организира по кочанските улици, а семејствата маршираа и во главниот град.
Претходната сабота поддршка имаше и од инцијативата „Кој е следен“, а најава за присуство има и за утре.
Во дискотеката Пулс во Кочани, кобниот 16 март, животот го изгубија 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет