
Обезбедени финансиски средства за доизградба назградата на ООУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци. Од понеделник започнува постапката за избор на изведувач. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за настава и за учениците и за наставниците од трите населени места во Зрновци.
„Обезбедени се 4.800.000 денари преку Министерството за Локална самоуправа и во понеделник ќе ја започне програмата со цел што побргу да го завршиме овој проект. До 10 декември 2025 година ќе имаме проширено и реконструирано основно училиште“ – вели Здравков.
Две одделенија моментално настава следат во помошен објект, со доградбата на училиштетото сите ученици ќе бидат во зградата на самото училиште. Освен средствата обезбедени од страна на Министерството за Локална самоупрва придонес има и Општина Зрновци.
„Со изградбата на оваа доградба се обезбедуваат комплетно три нови училници од околу 150 квадрати и внатрешно уредување на истите. Две одделенија моментално наставата ја следат во таканаречен помошен простор. Со оваа реализација сите одделенија ќе бидат сместени во зградата на основноте училиште“ – додава Коцев.
Во меѓувреме во Зрновци се работи на асфалтирање на улички и патишта, започна изградбатата на главниот доводен цевковод, а ќе се гради и потпорен ѕид до самото основно училиште.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет