СДСМ оцени дека наместо подобар животен стандард и повисоки плати, граѓаните во последните две години се соочуваат со економски проблеми и намалена куповна моќ.
Од партијата тврдат дека платите не го следат растот на цените и дека за едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари за покривање на основните трошоци.
Според СДСМ, до јуни е потрошен речиси целиот планиран буџетски дефицит за 2026 година, поради што, како што наведуваат, ребалансот на Буџетот е неизбежен.
Партијата посочува и дека во изминатите две години странските директни инвестиции се намалиле за околу 60 проценти, додека јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра.
„Две години Влада на Мицкоски се две години на неисполнети ветувања, економски неуспех и изолација“, наведуваат од СДСМ во партиското соопштение.
Текстот СДСМ со критики за економските политики е превземен од МАКФАКС.