Криминалецот Христијан Мицкоски повторно се заканува со Обвинителството. Повторно ги злоупотребува семејствата на настраданите во ковид и во модуларната болница. Повторно лажни обвинувања, затоа што е виновен за труење на народот. Повторно си игра со емоциите и чувствата на семејствата на настраданите, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот дека имало пријави за неквалитетна вода во Гостивар уште од 2021 година кога Венко Филипче бил министер за здравство.
„Повторно без трошка морал и образ. Повторно си дозволи преку медиуми да се заканува со Обвинителството. Дури и по предупредувањето на Европската комисија дека влијанието врз правосудството е една од клучните причини зошто Македонија не го продолжува европскиот пат – тој продолжува. Кривичната пријава против Христијан Мицкоски, со доставени докази, Обвинителството ја отфрли. А Мицкоски признава дека се слушаат по телефон. Од собраниската говорница и преку медиумите им се заканува на политичките противници и нарачува процеси од обвинителите. Се однесува како Македонија да му е приватна бавча, а тој да е шеф на банда кој може да прави што сака. Доста беше. Ќе одговараш, Мицкоски. За тендерите. За купувањето струја со Адамовиќ (почесниот конзул). За 5-те тони дрога што повеќе не ги спомнуваш. За хидроцентралите. За перењето пари. За труењето на народот со вода. И за труењето на медиумскиот простор со Орбан и Вучиќ, што доведе до поделба на народот – само за да владееш ти. Уште малку. Доаѓа време на вистина и правда. И ти тоа го знаеш. Груевски побегна. Ти нема да можеш. Ќе ти судат независни македонски и европски судови. Таму нема да можеш да ѕвониш по телефон“, пишува во реакцијата.
Текстот СДСМ до Мицкоски: Груевски избега, ти нема да можеш е превземен од МАКФАКС.