
Заради несобирањето на сметот, во Виница се сведочи за досега невидено загадување, истакнаа на прес конференција од ОО на СДСМ Виница. Велат ем ѓубрето не се собира, ем граѓаните плаќаат покачени цени за комуналии на ЈП Солидарност. Упатуваат низа прашања до градоначалникот Миле Петков, и директорот Игор Спасовски.
„Ова е резултат на неспособноста и неодговорноста на градоначалникот Миле Петков и директорот на ЈП Солидарност, како и на централната власт. Сакаме да ги прашаме дали и покрај поскапените комунални услуги сметате дека граѓаните го заслужуваат ова. Дали граѓаните треба да палќаат за услуги кои не ги испорачувате и дали немате обврска за укинување на истата барем додека е ваква ситуацијата. Не чувстувате ли одговорност да ги известите граѓаните што и како работите и дали е точно дека доколку соседната општина не излезе во пресрет ќе активирате нови и веќе затворени депонии низ градот и населените места. Каде го депонирате дел од отпадот во доцните ноќни часови и зошто тоа го правите тајно, надвор од очите на граѓаните“ – прашуваат од СДСМ Виница.
За вака настаната ситуација чекаме да се деблокира патот кој води кон депонијата во Кочани, за да може да се депонира сметот од Виница. Во зависност од блокадите ќе се носат и наредните одлуки велат од КЈП Солидарност Виница.
Во меѓувреме, кочанчани и понатаму протестираат и не дозволуваат сметот од соседните општини да се депонира на градската депонија во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет