СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваaт под дејство на алкохол

На 13/14.11.2021 во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 18 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 38 останати прекршоци.