СВР Штип: Пронајден е возачот на автомобилот што удира дете и поднесена е кривична пријава

Денеска 06.08.2022 на штипските регионални телевизии објавено е видео на кое може да се види како возило удира во пешак дете и го напушта местото на настанот.
Се работи за сообраќајна незгода случена на 26.07.2022 на ул.”Сутјеска” во Штип каде возачот со возилото удира во пешак дете и го напушта местото на настанот. Веднаш се преземени мерки и активности и по брзата интервенција на штипската полиција пронајдени се возачот З.А.(62) од Штип и возилото кое го управувал и удрил во малолетниот пешак, нанесувајќи му телесни повреди.
Случајот е расчистен и против З.А. до Основното јавно обвинителство поднесена е соодветна кривична пријава за сторени кривични дела.