СВР Штип приведе четворица заради непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип на едно лице му е издадено Решение за изолација, а  две лица се во самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 52 контроли над лица во изолација и 314  контроли над лица во самоизолација.

 Забраната за движење не ја почитувале 9 лица, приведени се 4 лица,  поднесени се 6 кривични пријави по чл.206. Контролирани се вкупно 103 објекти.