
Во текот на изминатите празнични денови, според статистиката на МВР, за периодот (05/06/07/08.01.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 77 прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 44 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 367 лица со вакви решенија и притоа било констатирано едно непочитување на решението.