Свечените настани по повод Денот на ослободувањето на Штип во живо на М-Нет

Штип утре ќе одбележи 78 години од ослободувањето, а М-Нет Телевизија ќе овозможи директен пренос на целата свечена програма. Почнувајќи од вечерва со ноќната трка, па сѐ до свечената седница во Општината, доделувањето осмоноемвриски награди и положувањето свежо цвеќе. Сето ова ќе биде дел од свеченоста, која гледачите на М-Нет ќе може да ја проследат директно на телевизискиот екран.

„Како што напоменавте, утре се одбележува 78 години од ослободувањето на градот Штип. Осми ноември, нашиот празник, ќе го одбележиме традиционално со свечена седница на Совет, со положување свежо цвеќе на спомен обележјето по повод ослободувањето на градот. Исто така, традиционално се одбележува со ноќна трка, којашто ќе се одржи во вечерните часови. Ова се настани коишто Општина Штип ги организира по повод Осми ноември – Денот на градот.“, истакна градоначалникот Јорданов.

Трката која традиционално ја одржува Општина Штип, ќе започне вечерва во 18 часот на локација од мостот кај градската црква Св. Никола до Гимназијата „Славчо Стојменски“. Во периодот до завршување на трката, ул. „Васил Главинов“ ќе биде затворена за сообраќај.

Ребека Спасова М-Нет