
Денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, се сведочеше за хаосот кој кобната вечер се случувал во кабарето во Кочани. Сведоците кои таа ноќ бил во дискотеката, велат дека имало многу гости, а откако се запалил таванот станал општ хаос, бидејќи сите се движеле кон вратата за излез. Дел од сведоците посочуваат дека во оваа дискотека биле честопати гости, додаваат дека се пуштале малолетници, но дека и претхондо имало шоу со пиротехника.
Од друга страна адвокатот Петре Шилегов побара од Јавното обвинителство во предметот „Пулс“ да ги преиспита наводите и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Тој посочи дека за истата кривично-правна квалификација дел од обвинетите се ослободени од постапка, додека за други таа продолжува.
Шилегов, кој го застапува поранешниот советник во Министерството за економија, Шофкет Хазари, се повика на брифингот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од петокот, каде беше соопштено дека постапката за седум полициски службеници е запрена. Како што беше наведено, тие биле овластени да вршат проверки за јавен ред, мир и безбедност во сообраќајот, но не и инспекции за противпожарна заштита или минимално-технички услови за угостителска дејност, па нивните дејствија не можат да се доведат во директна причинско-последична врска со пожарот во „Пулс“.
Судењето за пожарот во Пулс продолжува, со цел да се добие навремена и вистинска правда.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет