РК Текстилец УГД со заедничка вечера ја заокружи успешната сезоната – следува заслужен одмор, а потоа подготовки за новата сезона

Ракометниот клуб Текстилец УГД со заедничка вечерва ја заокружи успешната сезона во Првата лига, сега ќе следува заслужен одмор, а потоа подготовки за новата сезона, во која штипскиот клуб ќе има повисоки цели односно пласман во плеј-офот на Првата лига, каде се разигрува за влез во Суперлигата.

РК Текстилец УГД заврши на третото место во плеј-аутот на Суперлигата, прв беше тимот на Партизан, а пак Шампион втор.

Штипјани го имаа најдобриот напад во плеј-аутот на Првата лига со постигнати 349 погодоци.

Кадетите на РК Текстилец УГД исто така зад себе имаа успешна сезоната пласирајќи се во златната средина од табелата односно на шестото место, но со прикажана одлична игра која ветува светла иднина за ракометниот клуб Текстилец УГД.

Сега за ракометарите следува заслужен одмор и полнење на енергија за новата сезона, а пак раководството на тимот ќе крои планови за новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет